Connect with us

Кошарка

Навивач го испровоцира Дончиќ, го задржаа да не го претепа (ВИДЕО)

Феникс Санс го победи Далас Маверикс со 129:109 на домашен терен и поведе со 2:0 во полуфиналето на Западот. Како далеку посериозен тим излезе Феникс во вториот дел. Санс го добија второто полувреме со резултат 71:49 и така ја завршија работата против Далас, а клучен беше Крис Пол. Тој даде половина од своите 28 поени во последната четвртина.

Истиот резултат е и во серијата помеѓу Мајами и Филаделфија, бидејќи Хит на домашен терен победи со 119:103.

Лука Дончиќ очигледно беше нервозен по мечот, поради вториот пораз, па за малку фалеше да истепа навивач, кој на патот кон соблекувалната му дофрли нешто и го испровоцира. Сепак, луѓето околу Дончиќ брзо реагираа.

Facebook