Тајмаут
Навивач на Барса рече дека девојката на Дани Алвеш е „жешка“, а фудбалерот со реакцијата ги насмеа сите (ВИДЕО)
Во неделата, по повеќе од пет години, Дани Алвеш повторно настапи пред полните трибини на Камп Ноу. Алвеш на крајот на минатата година се врати во Барселона, а во неделата за првпат настапи пред навивачите на каталонскиот клуб и ги воодушеви со својата игра. Во победата против Атлетико Мадрид (4:2), дефанзивецот успеа да постигне еден гол и да забележи асистенција. Тој фрли дамка на својата игра во 70. минута кога доби директен црвен картон поради прекршокот над Караско.
По натпреварот, навивачите на Барселона ги чекаа играчите пред стадионот за да ги поздрават и да им честитаат на одличното издание.
Во центарот на вниманието по натпреварот беше Алвеш, кого група навивачи успеаја да го сопрат додека го напушташе теренот.
Се обиделе да му го привлечат вниманието за да се фотографираат, но не успеале. Но, еден од нив тогаш ја пофалил својата девојка и рекол дека е убава, а потоа Алвеш решил да реагира.
Тој рече дека будно ќе го следи овој навивач, а со неговиот потег ги насмеа.
? ¡No hagas enojar a @DaniAlvesD2!
Un aficionado le hizo un halago a su pareja ?
? Su reacción lo dice TODO ? pic.twitter.com/d6Uf7A8TeN
— Telemundo Deportes (@TelemundoSports) February 7, 2022