Фудбал
Навивач на Наполи со дете падна од трибините, во Неапол загина навивач за време на прославата на титулата (ВИДЕО)
Хаос во Неапол! Фудбалерите на Наполи станаа шампиони на Италија по 33 одиграни кола и нерешено 1:1 со Удинезе, а славјето започна многу пред овој натпревар. Голем број навивачи на клубот од југот на Италија беа во Удине на натпреварот против Удинезе каде беше освоен бод, титулата официјално беше заверена и славењето можеше да започне. На социјалните мрежи се појави снимка од дел од трибината на стадионот во Удине каде се наоѓаа навивачите на Наполи. Кога заврши натпреварот владееше вистинска еуфорија. На последниот свиреж навивач се обиде да го земе детето, но падна од трибините со него! Според информациите, двајцата поминале со повреди.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) May 4, 2023
На другата страна на Италија, портите на стадионот во Неапол беа отворени за приврзаниците, кои директниот пренос го следеа на голем екран. За жал, се завршило трагично бидејќи еден млад човек го загубил животот за време на прославата, бил застрелан со огнено оружје, а неколку од нив завршиле во болница, пренесува „Газета дело спорт“.