Connect with us

Други спортови

Навивач сакал да направи селфи, па предизвика хаос, голем инцидент на Тур де Франс (ВИДЕО)

Голем инцидент се случи на 15-та алпска етапа на престижната велосипедска трка Тур де Франс, а ја предизвика неодговорен гледач кој сакаше да си обезбеди сувенир од познатиот спортски настан и направи хаос.

Се возеше 50-тиот километар од патеката, кога лице од публиката влегло на патеката со цел да направи селфи, а во таа прилика американскиот велосипедист Сек Кус го фатил за рака гледачот и скокнал од неговиот велосипед.

Следуваше ланчана реакција, каде десетици натпреварувачи завршија на земја, што ја успори трката. Инаку, победник на етапата беше Холанѓанецот Вут Поелс, кој по 179 километри сам се искачи на врвот Сен Жерва, додека Јонас Вингегард ја задржа лидерската маичка.