Фудбал
Навивачите бараат еден транспарент да остане на трибините иако Лампард беше отпуштен
Челси вчера официјално објави дека Френк Лампард повеќе не е тренер на овој клуб.
Роман Абрамовиќ реши да му се заблагодари на Лампард за соработката, и го отпушти по серијата лоши резултати.
Овој потег не им се допадна баш на навивачите на лондонскиот клуб, кои сметаат дека Лампард ја заслужи довербата во клубот и дека требаше да му дадат уште една шанса.
Исто така, откако Лампард беше избран за тренер на Стемфорд Бриџ, имаше интересен транспарент на кој пишува „Ние веруваме во Франк. Тогаш, сега и засекогаш“.

Навивачите на Челзи побараа од клубот да не го вади транспарентот, и тој да остане на трибините на овој стадион, без оглед кој ќе биде избран за нов тренер.