Фудбал
Навивачите ги заборавија Конте, Лукаку и Хакими, Интер за прв пат во историјата врза шест победи во низа без примен гол
Интер е лидер во Серие А и практично е зимски шампион. Со победата над Торино од 1:0, „Нероаѕурите“ паузата ќе ја поминат на првото место на талебата. Следниот меч го играат на 6-ти јануари против Болоња.
Иако имаше критики од фановите на овој клуб до раководството бидејќи пред почетокот на сезоната, односно веднаш откако ја освоија титулата, заминаа Конте, Лукаку и Хакими, сепак брзо се заборавени. Бекот Демфрис игра засега солидно, постигна три голови и две асистенции, Џеко е втор стрелец во тимот со осум голови, а Симоне Инзаги одлично го предводи тимот. Најдобар показател за тоа е податокот дека Интер за прв пат во историјата врза шест победи во низа без примен гол. На мечевите против Торино, Салернитана, Каљари, Рома, Специја и Венеција, Интер не прими ниту еден гол, а постигна дури 17. Интер има седум победи во низа, но од Наполи прими два гола (3:2).