Connect with us

Фудбал

Навивачите го „бркаат“ Салах, се знае каде ќе заврши и за колку пари?!

Ливерпул во својата екипа има шест играчи од светска класа, а за само еден навивачите би се согласиле да замине за голема сума на пари, тврди легендата на клубот Џејми Карагер. Тој за Скај Спорт веројатно на најдобар можен начин опиша како во Ливерпул не го ценат доволно Мухамед Салах и дека поради тоа би можел да заврши во Барселона или Реал Мадрид.

-Мислам дека Салах е потценет кај нашите навивачи. Во светот го сметаат за светска класа, а навивачите на Ливерпул не го ценат доволно. Сметам дека во овој тим има шест играчи од светска класа, а тоа се Алисон, Александер –Арнолд, Ван Дајк, Садио Мане, Фирмино и Салах. Кога ги прашувам навивачите дали ни пуштиле некој да замине за големи пари, велат нема шанси. Но, кога ќе ги прашате дали би го продале Салах за 130 мииони евра, ооооо, да, би сакале, вели Карагер.