Connect with us

Фудбал

Навивачите го посочија Мурињо како виновник за лошите резултати

Навивачите на Манчестер Јунајтед сметаат дека најголем виновник за слабите резултати на нивниот омилен тим е тренерот Жозе Мурињо.

Нешто помалку од половина (45 отсто) кои учествуваа во анкетата на Твитер профилот на клубот го избраа одговорот во кој Португалецот е даден како опција за слабите резултати.

На прашањето „Кој е виновен за моменталната состојба во која се наоѓа Манчестер Јунајтед“, 22 отсто сметаа дека „шефот“ на Јунајтед Ед Вудвард е причината за таквата состојба.

Исто толкав процент сметаа дека вината е кај сопствениците – семејството Глазер.

Навивачите застанаа на страна на играчите, бидејќи само 11 отсто ја гледаат вината кај нив.

Во гласањето учествуваа 6.724 навивачи на Јунајтед.