Тајмаут
Навивачите ја исмејуваат девојката на ѕвездата на Арсенал поради нејзиниот изглед, таа е со скршено срце и ги избриша сите фотографии
Навивачите на Челзи на трибините на Емирати за време на последното дерби со Арсенал го исмејуваа изгледот на девојката на ѕвездата на „Топџиите“ Деклан Рајс, по што таа направи радикален чекор и ги избриша сите фотографии од социјалните мрежи.
Appreciation post for this beautiful woman Lauren Fryer 👏 We’re sorry to see that in 2024 women are still subject to so many disgusting comments. pic.twitter.com/rC3sYUUfV3
— In The Style (@inthestyleUK) April 22, 2024
Рајс е во врска со Лорен Фрајер уште од училишните денови, а парот влегол во родителските води минатата година. Но, девојката поради својот изглед често е „мета“ на ривалските навивачи, а тоа беше случај и на дуелот против Челзи кој се одигра во вторникот. На социјалните мрежи се појавија видеа од Емиратите на кои се гледа како навивачите на Челзи пеат навредливи песни за животниот партнер на Рајс.