Connect with us

Фудбал

Навивачите на Арсенал пронајдоа причина за елиминацијата, Баерн користел „валкан трик“

Фудбалерите на Баерн синоќа во Минхен го совладаа Арсенал со минимални 1:0 и со тоа се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите со вкупни 3:2, а се чини дека навивачите на Арсенал си го најдоа оправдувањето за поразот. За време и по натпреварот, на социјалните мрежи се појавија интересни фотографии од Алијанц Арената во Минхен, а навивачите на лондонскиот клуб тврдат дека Баварците на паузата меѓу двете полувремиња употребиле „валкана“ финта.

Имено, за време на паузата Баварците ги оставија вклучени прскалките околу десет минути на половината од теренот над која Топџиите нападнаа во вториот дел, со што значително го натопија овој дел од тревникот. На второто полувреме прскалките не работеа, па јасно беше дека намерата на Баерн е натопениот терен да забави и да му го отежни нападот на противникот во последните 45 минути.

Навивачите на Арсенал веднаш се сетија на истиот потег кој Ливерпул го направи во декември минатата година, кога „топчиите“ гостуваа на „Енфилд“. „Црвените“ потоа искористија идентичен трик. Потсетуваме, синоќа Џошуа Кимих погоди за победа на Баерн од 1:0 и го однесе германскиот тим во полуфиналето, каде ќе ги одмери силите со Реал Мадрид.