Connect with us

Фудбал

Навивачите на Јувентус имаат специјална порака за Манџукиќ кој потпиша за Милан

Марио Манџукиќ и официјално е нов играч на Милан. Тој ја задолжи „деветката“. Ова ќе биде негово враќање во Италија, по одисејата во Катар, но во друг клуб. Претходно четири одлични сезони имаше во Јувентус.

Поради тоа, доби специјална порака од навивачите на најтрофејниот италијански клуб.

-Секогаш ќе бидеш во нашите срца поради она што го правеше, поради твојата посветеност и посебниот однос кој го имаше со сите нас. Те сакавме поради борбеноста која ја покажуваше на секој меч. Те сакавме поради стравот кој го предизвикуваше кај противничките тимови. Списокот на работи поради кои те сакаме е долг, но навистина го сакавме овој играч. Меѓутоа, Марионе во следните шест месеци биди играч на Милан. Не те осудуваме што ќе играш во дресот на нашиот ривал, но ќе боли да те видиме како противник на теренот, а мислиме дека ќе те боли и тебе, стои во пораката.