Connect with us

Фудбал

Навивачите на Манчестер Јунајтед не можат да поверуваат каков ѕвер стана Мектоминај

Многу играчи на Манчестер Јунајтед ќе мора да ја подобрат формата ова лето доколку сакаат да останат во клубот.

Ерик тен Хаг изјави дека ќе ги искористи подготовките за да им даде можност на сите фудбалери, а на трансфер листата сигурно ќе се најдат оние кои нема да ги исполнат очекувањата.

Ова важи и за шкотскиот дефанзивец Скот Мектоминај, кој не беше многу брилијантен минатата сезона, иако беше доста стандарден.

Веќе се шпекулира дека Јунајтед сака да го продаде 25-годишниот фудбалер, но тој е решен да му се докаже на Тен Хаг на стартот од подготовките и да покаже дека заслужува да продолжи да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Затоа МекТоминај го поминува поголемиот дел од својот одмор во теретана за да биде што е можно поподготвен да започне со тренинзи.

Играчот од средниот ред на Јунајтед ги шокираше фановите на Инстаграм кога покажа каква трансформација направи, и како изгледа сега. Тренингот во теретана навистина го даде резултатот, а тоа најдобро го покажува фотографијата која ја објави МекТоминај.