Фудбал
Навивачите на најбогатиот клуб ги очекуваа Лингард, Лаказет, Тони Крос, Ван де Бек, Емери, а ќе добијат „анонимуси“
Њукасл Јунајтед стана најбогатиот клуб во октомври откако беше преземен од фондот ПИФ во сопственост на саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Џеси Лингард, Александар Лаказет, Тони Крос, Дони Ван де Бик, Кевин Трипие и Унаи Емери се само дел од звучните имиња се поврзуваа со овој тим.
Меѓутоа, наместо ѕвезди и звучни имиња во јануари на „Сент Џејмс Парк“ треба да пристигнат „анонимуси“, кои ниту се квалитетни, ниту познати како играчи на кои се надеваа навивачите.
Мохамед Елнени од Арсенал, Лојд Кели од Бурнмаут, Џо Родон од Тотенхем, Свен Ботман од Лил и Нијмак Матијас Гинтер се некои од имињата.
Њукасл Јунајтед има само десет бода од 15 натпревари, првата победа сезонава ја постигна минатиот викенд, а заостатокот зад сигурната зона е три бода.
Се споменуваше дека за звучни засилувања во зимскиот преоден рок ќе бидат потрошени меѓу 200 и 300 милиони евра, но како што сега стојат работите во Њукасл Јунајтед, нема да се трошат толкави пари.
Имено, Њукасл Јунајтед сè уште нема фудбалски директор на помалку од еден месец до преодниот рок, а интересно е што новите сопственици се обратиле до скаутинг агенциите за да предложат некои имиња.