Connect with us

Фудбал

Навивачите на Наполи се навистина луди, ги ставија сите други клубови на крст и ги погребаа (ВИДЕО)

Наполи овој викенд може да биде крунисан во нов шампион на Италија. Треба да забележи победа против Салернитана, а Лацио да загуби од Интер, па и математички на неколку кола до крајот да ја обезбедат титулата.

Навивачите на овој тим на големо се подготвуваат за прослава. Дури отидоа дотаму што ги погребаа сите други клубови. Направија гробови, ставија крстови, а на нив амблеми на екипите.