Connect with us

Фудбал

Навивачите на Њукасл го испровоцираа Роналдо, неговата реакција стана хит (ВИДЕО)

Њукасл и Манчестер Јунатед одиграа 1:1. „Црвените ѓаволи“ ги спаси „резервистот“ Единсон Кавани кој во 71 минута израмни на 1:1.

Кристијано Роналдо одигра цел меч, но беше тотално „отсутен“. Португалецот изгледаше изгубено на теренот и немаше некои изразени шанси и потези, што секако е реткост.

Англиските медиуми пишуваат дека фановите на Њукасл се причината за лошата партија на Роналдо.

Во текот на целиот натпревар дофрлуваа и му свиреа на Роналдо, а се започна на загревањето, што очигледно го исфрли Португалецот од чекор.

Додека се загреваа и шутираа кон голот, навивачите на Њукасл се смееја и се радуваа при секое промашување на Роналдо, а тој на крајот покажа колку тоа му пречи.

Кога успеа да постигне гол, ги погледна навивачите на Њукасл и им покажа на увото алудирајќи дека не ги слуша сега, но тие почнаа уште повеќе да се смеат што Роналдо целосно го налути.