Поврзи се со нас

Фудбал

Навивачите на Рома во дилирум, иконата на клубот на чекор до кам-бек

Минатото лето Рома доби нови сопственици, американските бизнисмени Ден Фридкин и неговиот син Рајан. Новите сопственици сакаат да го вратат стариот сјај на клубот, па постепено се гради структурата на екипата.

Првата голема промена која ова семејство сака да ја направи е враќање во клубот на иконата Франческо Тоти. Според пишувањата на италијанските медиуми вчера имале состанок со легендарниот фудбалер и му понудиле да преземе една одповажните  функции во клубот.

Да потсетиме, по завршувањето на кариерата, Тоти беше спортски директор во Рома, меѓутоа тогашните сопственици го маргинализираа легендарниот играч во ланецот на одлучувањата, па тој одлучи целосно да замине по 30 години минати во овој тим.

 

loading...

Facebook