Connect with us

Фудбал

Навивачите на Тотенхем бесни: Најлошиот фудбалер игра кај нас и вреди 30 милиони евра

Тотенхем испадна од ФА Купот и ова ќе бидат 14 години без освоен трофеј за лондонскиот клуб.

Мидлсброу по 120 минути борба славеше со резултат 1:0, а навивачите на Тотенхем сметаат дека и овојпат главниот виновник за поразот е Емерсон Ројал.

Неодамна Бразилецот катастрофално се постави и му овозможи два гола на Саутемптон во поразот од Тотенхем, а синоќа повторно „блесна“.

Заостануваше еден метар зад последната линија од одбраната, поради што стрелецот на победничкиот гол не беше во офсајд.

Социјалните мрежи се запалија, навивачите не веруваат дека клубот се согласил да го купи Бразилецот за астрономски 30 милиони евра.

Емерсон премногу често покажуваше дека е тактички прилично слаб и дека позиционирањето му е слаба точка.

Со своите грешки директно влијаеше на неколку голови на ривалот на Тотенхем.