Нажил не се откажува: „Ќе ги објавам снимките, сакам да заврши во затвор“

Бразилската старлета Нажил Тринидад изнесе нови обвиненија на сметка на Нејмар, за кој тврди дека ја силувал 15. мај во хотелска соба во Париз.

Нажил не се откажува од тврдењата дека е силувана од страна на репрезентативецот на Бразил и напаѓачот на ПСЖ, а во медиумите се појавиа и некои работи кои можат да бидат на штета на Нејмар – снимка од хотелот, а потоа и нивната преписка…

Тринидад ангажираше и адвокат, но тој се откажа од случајот. Смета дека случајот е тешко да се добие затоа што дотичната  не отиде веднаш на лекарски преглед по силувањето.

„Дали требаше да одам на преглед кај доктор? Па мислам дека немаше жива да се вратам дома. Сакав да се’ да откријам уште во Бразил, но се плашев затоа што бев сама. Нејмар е луд!“, кажа Тринидад.

„Законот те штити. Ако имаш фотографија, тогаш тоа е доволно“, кажа сега веќе поранешниот адвокат.

„Тој ме тепаше, па дури и го фотографираше мојот задник на кој се гледаа модрици, изгледа за да се пофали на пријателите. Следниот ден јас него го удрив затоа што не сакав да одам дома толку лута, а тој поради тоа ме силуваше. Беше пијан и дрогиран и сето тоа сам го потврди во пораките кои ми ги испраќаше“, напиша Тринидад.

Порача дека Нејмар „мора во затвор“ и дека ќе ги објави снимките затоа што не сака да испадне чист и да продолжи среќно да игра фудбал додека таа пати.