Кошарка
НБА: Голден стејт со победа ја почна одбраната на титулата
Кошаркарите на Голден стејт ја почнаа одбраната на титулата во НБА-лигата со победа над Лос Анџелес лејкерс, а победнички старт во новата сезона имаше и Бостон со триумфот над Филаделфија.
Голден стејт на отворањето на 77. НБА-сезона го совлада ЛА лејкерс со 123-109, предводен од Стеф Кари, кој постигна 33 поени.
Во гостинскиот тим најефикасен беше Леброн Џејмс со 31 поени.
Бостон на домашен терен беше поуспешен од Филаделфија со 126-117, а најголем придонес во победата имаа Џејсон Тејтум и Џејлен Браун со по 35 поени.