Connect with us

Кошарка

НБА од ден на ден бележи огромни финансиски загуби

НБА лигата скоро две недели е прекината.

Раководството на најсилната кораркарска лига во светот реши да го запре натпреварувањето, откако центарот на Јута Џез, Руди Гоберт беше позитивен на тестирањето за коронавирусот.

Се разбира, како и во другите спортови, НБА се соочува со огромни финансиски загуби, а според некои извори, тие би можеле да достигнат и до една милијарда долари.

Комесарот на лигата, Адам Силвер не сакаше да зборува за бројките, но јасно е дека има големи загуби.

„Премногу е рано да се зборува за тоа колку пари ќе изгубиме. Ќе има економски удар, тоа е сигурно. Ние анализираме различни сценарија час по час и ќе продолжиме да така. Не е убава слика, но сите сме во исти проблеми“, рече Силвер.

НБА лигата нема да ја гледаме некое време, а големо прашање е кога сезоната ќе продолжи.