Connect with us

Кошарка

НБА: Торонто избори петти натпревар, Јута израмни против Далас

Кошаркарите на Торонто избегнаа елиминација од плејофот во НБА лигата совладувајќи ја Филаделфија на домашен терен со 110-102 во четвртиот натпревар од воведното коло во Источната конференција.

Филаделфија сега води со 3-1 во серијата до четири победи и ќе му биде домаќин на Торонто во петтиот натпревар, кој ќе се игра ноќта меѓу понеделник и вторник со почеток во 02.00 часот по средноевропско време.

Ниту една екипа во плејоф историјата на НБА не успеала да надомести негатива од 0-3.

Најзаслужен за премиерниот триумф на Торонто беше Паскал Сиакам со личен рекорд во плејофот од 34 поени, а кон тоа додаде осум скокови и пет асистенции.

Во неизвесна завршница во „Вивинт арена“, Јута го израмни резултатот на 2-2 со триумф од 100-99 над Далас, во чиј редови се врати Лука Дончиќ со 30 поени.

Петтиот натпревар се игра ноќта меѓу понеделник и вторник во Далас со почеток во 03.30 часот по средноевропско време.

 

Реклама

Facebook