Кошарка
НБА завршница на дербито, Дамјан Стојановски со кош во последна секунда му донесе победа на МЗТ Скопје против Работнички
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до значаен триумф во вечното дерби со Работнички (92-90), откако Дамјан Стојановски на 1,1 секунди до крајот го постигна победничкиот кош за осигурување на првото место на табелата пред стартот на Суперлигата.
Херојот Стојановски беше централна фигура во МЗТ Скопје со 23 поени и по пет скока и асистенции, Ерон Харис постигна 12 поени, додека Кристијан Николов, Андреј Магдевски и Феми Олуџоби реализираа по 11 поени.