Connect with us

Кошарка

НБА ѕвезда ќе се венча во Охрид, горд на своето потекло (ФОТО)

НБА ѕвездата, Чеди Осман, кој настапува за Кливленд, на први јули ќе се венча во Охрид. Токму во „македонскиот Ерусалим“ ќе го потпише најважниот договор во својот живот. Седум дена подоцна, свадбата ќе биде на плажа во Чешме, Турција.

Неговата избраничка е познатата турска актерка Ебру Шахин. Турските медиуми објавија дека се е договорено околу венчавката која ќе се одржи на 1-ви јули во Охрид.

Инаку, Чеди Осман е роден во Охрид, од таму е неговото потекло. По националност е Турчин, игра за турската кошаркарска репрезентациja. Неговиот татко е Турчин, а мајка му е Бошњакиња, а првите чекори кошаркарски ги почнува во КК Босна од Сараево. Подоцна во 2001 година, поради потеклото на неговиот татко, добива турски пасош и станува турски државјанин со што заигрува за турската репрезентација.

 

Реклама

Facebook