Connect with us

Фудбал

Не беа потребни ни пет секунди: Сите трчаат да го гушнат Мбапе, но Меси е вистинскиот крал!

Нереална асистенција на Лионел Меси против Лил.

ПСЖ гостува кај Лил, а веднаш по стартот од центарот поведоа гостите од француската престолнина.

Само што тргнаа од центарот, шампионите на Франција си разменија неколку додавања и поведоа.

Нејмар ја зеде топката од центарот, му ја доигра на Верати, па додавањето стигна до Меси и потоа следеше магијата.

Додека неговите соиграчи минуваа, Мбапе пикаше кон голот на ривалот.

Голот можете да го погледнете овде.

Меси го следеше сето тоа и испрати перфектно додавање за Французинот кој рутински погоди.

По голот сите истрчаа да го гушнат Мбапе, што може да биде јасен знак дека секирите меѓу ѕвездите се закопани.