Connect with us

Фудбал

„Не е дека Меси не сака да се врати во Барселона, но тој дури и не бил прашан“

Аргентинскиот капитен Лионел Меси „усно“ се согласил да го продолжи договорот со ПСЖ, кој требаше да истече во јуни 2023 година, јавува Би-Би-Си.

Претходно оваа недела, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека би сакал да го види Меси да се врати во клубот во кој помина 21 година, но каталонскиот клуб не му пристапил за можното доаѓање, објави Би-Би-Си.

Меси на тој начин ќе потпише нов едногодишен договор со опција за уште една година по четиримесечни преговори меѓу спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос и таткото на Меси, Хорхе.

Клучна беше средбата со водечкиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи во Доха.

„Не дека Меси не сака да се врати во Барселона, но тој дури и не бил прашан. Меси е задоволен со се и се ќе биде потпишано по празниците. Тој ужива во животот во Париз и во можноста да ја освои Лигата на шампионите, а повторно ќе биде кандидат за Златната топка“, изјави Балагу.

По заминувањето од Барселона во 2021 година, Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ со опција за уште една.