Фудбал
“Не е легално тоа што го прави Кристијано Роналдо на Светското првенство”
Кристијано Роналдо го воодушеви фудбалскиот свет со играта против Шпанија (3: 3), во кој постигна хет-трик за Португалија.
Капитенот на селекцијата на Португалија одигра уште една одлична игра, фантастичниот гол од слободен удар во завршницата му донесе бод на својот тим против Црвената фурија. Воодушевеност по натпреварот не ја криеше ниту неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.
Фердинанд рече дека Роналдо уште еднаш покажа дека е најдобар играч во светот и дека едноставно го оставил без текст по натпреварот против поранешните светски шампиони.
“Не знам што да кажам, останав без зборови за ова. Тоа што го прави Роналдо на Светското првенство во Русија не е легално”, изјави Фердинанд.