Connect with us

Фудбал

Не е ни чудно што Барселона била пред банкрот, Меси ја „исцедил“

Шпанските медиуми објавија дека Лионел Меси добил огромна сума на пари кога во 2017-та година се согласил да го продолжи договорот. Тогаш на Меси му била исплатена премија од 39 милиони евра бидејќи ги продолжил договорот, а годишната плата се зголемила на неверојатни 100 милиони евра бруто. Исто така на крајот на оваа сезона Барселона е должна да му исплати на Меси уште 39 милиони евра за верност кон клубот, но се договориле тој износ да биде исплатен во наредните четири години преку неколку рати.