Connect with us

Фудбал

„Не е нормално тоа што Донарума уште нема играно во Лигата на шампионите“

Злата Ибрахимовиќ несомнено е еден од најважните играчи на Милан оваа сезона. Неговиот тим бележи одлични игри и заслужено се наоѓа на врвот во Серија А.

Во интервју за „Кориере дело Спорт“, Златан даде одговор на многу прашања, а меѓу другото го даде и своето мислење за голманот Донарума.

„Тој е најсилниот голман на светот. Но, не, не го велам тоа. Џиџи мора да продолжи да биде гладен. Не е нормално тоа што никогаш не играл натпревар од Лигата на шампионите“.