Connect with us

Фудбал

Не е само престиж – Миланското дерби носи многу пари, а Интер откри колку

„Derbi dela Madonina“ помеѓу Милан и Интер е едно од најголемите градски дербија на светот

Со децении наназад гледавме фантастични и не толку атрактивни дуели на „Росониерите“ и „Нероазурите“, но едно е сигурно – возбуда нема да фали.

Особено ако се знае дека „Сан Сиро“ (или „Џусепе Меаца“,  во зависност од тоа кој е домаќин) се полни секој пат кога ке играат старите познаници.

Исто така ќе биде и вечерва од 20:30 кога Интер е номинален домаќин, откри дека продаде 78.725 карти.

И не само тоа, „Нероазурите“ транспарентно објавија дека приходот оф продадените карти е преку пет милиони евра!

Само за еден натпревар, но не било каков.