Connect with us

Фудбал

Не е шега, клуб од Вухан каде што се појави коронавирусот, од Шпанија бега во Кина

Фудбалскиот клуб Вухан Кал, кој е од кинескиот град каде што никна коронавирусот, бега од Шпанија и се враќа дома поради епидемијата на Ковид-19.

Тимот се наоѓаше во Андалузија од 29 јануари, каде што се затенка, откако беше прогласена епидемија во Вухан. Сега, Кина објави дека се намалува бројот на заразени, а дека се зголемува бројот на излекувани, па клубот реши да избега од Шпанија, каде се зголемува бројот на заразени и да се врати дома.

-Проблемот сега е тука, во Кина е практично елиминиран. Досга не сме се враќале поради епидемијата и одложувањето на лигата, но само поради сегашната ситуација во Шпанија, одлучивме да се вратиме, изјави Хорхе Гонзалес, тренер на тимот.