Фудбал
Не е во тимот, но со срцето е со Португалија: Пораката на Роналдо ќе ги расположи пред натпреварот со Италија
Португалците вечерва во Лигата на нациите играат против селекцијата на Италија.
Со еден поен, Португалија ќе го обезбеди првото место на табелата, а иако не е во екипата, Кристијано Роналдо со срцето е со своите соиграчи од репрезентацијата.
Така, пред овој натпревар испрати порака која сигурно ќе ги развесели:
„Уште еден натпревар до целта. Многу среќа момци“, напиша Роналдо.
Mais um jogo rumo ao objectivo. Boa sorte, malta!??⚽️ pic.twitter.com/PWNJZzDdaN
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) November 17, 2018