Поврзи се со нас

Фудбал

Не го очекуваше тоа: Педри откри како Меси го изненадил

Барселона ова лето го донесе 17-годишниот Педри од Лас Палмас и се покажа како полн погодок.

Педри пристигна во Барселона како резервна опција во средниот ред, но Роналд Куман ми даде шанса што одлично ја искористи. Овој тинејџер ги воодушеви фановите со своите игри и покажа дека навистина му претстои светла иднина.

Досега оваа сезона тој одигра десет натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне два гола. Овој млад играч за врска призна дека дошол во клубот да учи од поискусни играчи и тоа му оди многу добро.

Најмногу се истакнува Лионел Меси, кој им помага на играчите кои штотуку пристигнаа во клубот. Педри откри дека има одличен однос со него и дека секогаш му дава совети.

“Меси е фантастичен човек и секогаш е тука да ти помогне. Мислев дека нема да разговарам многу со него, но тој навистина ме изненади. На теренот секогаш ми дава совети и тоа треба да го прави секој капитен”, изјави Педри.

loading...

Facebook