Connect with us

Фудбал

Не може да го смисли: Суарез повторно проговори за човекот кој најмногу го повредил

Во последните 15 години Луис Суарез играше во Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, клубови во кои работеше со одлични тренери.

Сега во Национал Монтевидео, Луис Суарез призна дека има фаворит меѓу тренерите со кои соработувал, а тоа е Луис Енрике, актуелниот селектор на Шпанија.

Токму поради него на клупата Луис Суарез ја смета Шпанија за еден од фаворитите за освојување на Светското првенство кое наесен ќе се одржи во Катар.

„Шпанија е кандидат за освојување на Светското првенство поради квалитетот на играчите и фактот дека го имаат најдобриот тренер со кој сум работел во кариерата: Луис Енрике.

Луис Енрике ми се допаѓа поради тоа што им го пренесува на играчите и фактот дека многу верува во планот и неговите идеи“, изјави Луис Суарез, пренесува Mundo Deportivo.

Луис Суарез беше под палка на Луис Енрике во Барселона помеѓу јули 2014 и јули 2017 година. на 147 натпревари, а постигна 120 пати и додаде 67 асистенции.

Со Луис Енрике како тренер, Луис Суарез меѓу другото освои две титули во шпанската лига и еден трофеј во Лигата на шампионите.

Ако Енрике е омилениот тренер во кариерата на Луис Суарез, тогаш Роналд Куман е сосема спротивно. Суарез повторно проговори за холандскиот тренер кој буквално го избрка од Барселона.

„Времето минува, и да, од учтивост и почит, го поздравувам“, изјави Суарез и потврди дека во секој случај односот со Куман не е најдобар.

„Ако го сретнам, се надевам дека Роналд ја има големината што ја имаше како играч во клубот и дека сака да ми ја каже вистината во лице. Причината поради која ја напуштив Барселона не е фудбалска или техничка“, додаде Суарез.