Други спортови
Не може да имате пенис и да се натпреварувате со жени
Легендарната тенисерка Мартина Навратилова мораше да се извини поради трансфобичниот коментар кој го остави на социјалните мрежи во кој наведе дека „прородно родените мажи кои себе си се прогласиле за жени не би смееле да се натпреваруваат со жените“.

Нејзиниот коментар беше одговор на прашањето од еден твитерџија околу транс – сексуалците во спортот.
- Очигледно е дека не е во ред. Не можеш себе си да се прогласиш за жена и да се натпреваруваш против жените. Мора да постојат граници и стандарди, а не да имаш пенис и да се натпреваруваш како жена. Тоа не е според тимските стандарди за кои се зборува постојано, напиша деветкратната шампионка.
Ставот на Мартина брзо предизвика коментари, воглавно негативни, каде се јавија пред се оние личности кои се најдоа отповикани, како што е канадската велосипедистка, Рејчел Мекинон (родена како маж, а се натпреварува со жени).
Рејчел напиша дека Навратилова мора да поведе сметка околу трансфобичните коментари кои ги изнесува во јавноста. Коментарите на славната тенисерка ги шокираше многумина од причина што со децении се залага за правата на ЛГБТ заедницата.
На крајот, по лавината осудувања, Навратилова испрати извинување до сите кои се почувствувале навредени поради своите коментари.
- Се извинувам ако реков нешто погрешно што е блиску до трансфобија. Тоа не ми беше намерата, во иднина ќе се едуцирам малку повеќе на оваа тема, а во меѓувреме ќе замолчам. Ви благодарам на разбирањето, заврши легендата во „белиот“ спорт.