Кошарка
„Не можете да имате згодна жена во НБА, момците би сакале веднаш да ја е*ат“
Долгогодишниот асистент на Грег Попович во Сан Антонио Спарс, Беки Хамон го презеде раководството на ВНБА тимот Лас Вегас Ејс.
Хамон претходно беше кандидат за водење на некои НБА тимови, но таа не можеше да ја добие функцијата главен тренер.
View this post on Instagram
Никој не сакаше да и даде шанса, а наводно причината е тоа што на играчите би им пречело тоа што ги води жена.
SB Nation ја пренесува изјавата на искусниот НБА тренер кој не е именуван и кој се однесува на жени во најсилната кошаркарска лига.
„Не можете да имате згодна жена во НБА. Момците би сакале да ја е*ат секој ден“, рекол искусниот тренер, кој додал:
View this post on Instagram
“Секојдневно слушам како играчите зборуваат за жени. Имам ќерка и понекогаш ми е одвратно. Тоа не е ништо ново и ништо не е подобрено од претходните години. На мажите им пречат наредбите на нивните сопруги и играчите сигурно би имале проблем со тоа”, рече тој.