Фудбал
Не, не е фотошоп, Германците играа 79 минути едно полувреме, сето тоа поради невиден хаос (ВИДЕО)
Еден од највозбудливите дуели во 2. Бундеслига се одигра во Росток помеѓу домашната Ханза и Шалке, а играта долго ќе се памети поради хаосот на трибините. Натпреварот полн со инциденти ќе остане запаметен по невообичаеното судиско продолжение.
Шалке победи против Ханза со резултат 2:0. Бројните прекини придонесоа првото полувреме да трае неверојатни 79 минути. Секако, не мислиме на ефективната игра, туку на тоа колку траеше полувремето. Првиот поголем прекин беше исклучувањето на Жуниор Брумадо од домашниот тим, што придонесе за поразот. Откако судијата сигнализираше пет минути прекин, следеа жестоки судири на трибините.
Schalke 04 away at Hansa Rostock this afternoon 🔨🇩🇪 pic.twitter.com/regOL0lkvU
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) December 10, 2023
Навивачите на Ханза ја скршиле стаклената преграда меѓу двете навивачки групи, а потоа настанале нереди. Навивачите меѓу себе си разменија одредени пиротехнички проектили. За сето тоа време часовникот отчукуваше, а се играше до 79. минута од првото полувреме, иако имаше само пет продолженија во судиското надополнување. Англиските медиуми во оваа прилика потсетија на најдолгите натпревари во историјата. Станува збор за натпревар помеѓу Стокпорт и Донкастер на 30 март 1946 година, кој траел три часа и 23 минути. Се играше се додека некој не даде гол, а на крајот по повеќе од три часа игра беше прекината и беше одлучено да се игра реванш.