Connect with us

Фудбал

Не, не е мит, Венгер потврди дека приказната за „Ѕверот Коло Туре“ е вистинска

Веројатно сите се сеќавате на Коло Туре, кој поголемиот дел од својата кариера ја минал во Арсенал, но играше и за Манчестер Сити, Ливерпул и Селтик. Снажен фудбалер, стопер, дефанзивец против кој тешко се минуваше.

Но, приказната за „ѕверот Коло Туре“ не е мит, таа е вистинска, а тоа го потврди и некогашниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер. Тој во своето 20 годишно работење во овој тим сигурно видел се, но најголемиот впечаток му оставил токму Коло Туре.

Имено, за време на пробата во Арсенал, тој толку бил агресивен што при еден дуел, успеал и да го повреди Арсен Венгер кој стоел до играчите и гледал како се одвива тренингот.

-Да, имаше неколку жестоки стартови. Но, тоа повеќе беше од причина што беше возбуден што е тука, отколку што е премногу агресивен. Беше неверојатно колку покажуваше дека сака да остане и колку му значи таа проба. Морав да одам по тренингот кај лекарот откако ме удри, но не беше ништо сериозно, вели Венгер кој потоа додава:

-Наредниот ден му дадов договор, иако сите мислеа дека нема тоа да се случи и дека веќе е отпишан. Ја видов неговата желба и гладта за докажување, а и физички беше одлично подготвен. Беше вистинска ѕверка. Сите беа во шок кога доби договор, но сега гледам дека воопшто не сум погрешил, бидејќи тој имаше навистина одлична кариера.

Коло Туре одигра 225 мечеви за Арсенал, потоа следуваше трансфер во Манчестер Сити, па Ливерпул, а кариерата ја заврши во Селтик. Во моментов е помошник на Брендан Роџерс во тимот на Лестер.