Фудбал
Не, не е шега, Манчестер Јунајтед го моли Мегвајер да замине, дури му нудат 10 милиони евра!
Хари Мегваер (30) пристигна во Манчестер Јунајтед во 2019 година во трансфер вреден 87 милиони евра, но не се прослави многу на Олд Трафорд.
Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот последните години стана предмет на потсмев поради неговите несмасни реакции кои често доведуваа до голови на противничките екипи, а клупските челници сега решија да стават крај!
Сепак, прашање е дали фудбалерот ќе се согласи на тоа, бидејќи има уште две години (до 2025 година) важечки договор со кој заработува 10 милиони евра годишно.
Но, Манчестер Јунајтед му нуди 10 милиони евра на Мегваер само за што поскоро да си ги собере работите и да го напушти клубот ова лето, пишуваат англиските медиуми.
Одлуката е само на него, а англискиот селектор Герет Саутгејт веќе нагласи дека Мегваер мора да има минутажа во клубот доколку сака да игра за репрезентацијата.