Connect with us

Фудбал

„Не преговараме со Јувентус и не го сакаме Пјаниќ“

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ веќе неколку недели се поврзува со заминувањето од редовите на италијанскиот шампион.

Италијанските медиуми редовно пишуваат за интересот кој другите клубови ги имаат за Пјаниќ, а најмногу се спомнуваше Барселона.

Меѓутоа, директорот на клубот од „Ноу Камп“, Аридо Браида денеска соопшти дека не постојат никакви преговори со Јувентус и Пјаниќ не му е потребен на Барселона.

„Не преговараме со Јувентус и сметаме дека Пјаниќ не ни е потребен“, рече Браида и додаде:

„Тој е добар фудбалер, но ние на тоа место го носиме Бразилецот (Артур) кој ќе ја има улогата на Андрес Иниеста на теренот. Имаме луѓе кои се грижат за трансферите, но добро ја познавам клупската политика и Пјаниќ тука не се вклопува“, рече директорот на Барселона.

Покрај Барселона, Пјаниќ се поврзуваше и со Реал Мадрид, но и со англиските екипи Челзи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Сепак, Пјаниќ засега се уште е играч на Јувентус кој со задоволство би го задржал во своите редови.