Фудбал
„Не сме имале повеќе разговори со Барселона, ниту имаме намера да ги водиме“
Откако пред една година се врати во Атлетико Мадрид од Барселона на двегодишна позајмица, Гризман игра многу добро.
Сепак, оваа сезона тој не започна ниту еден натпревар од првата минута, а причината е што не сакаат да и платат пари на Барселона за него.
Во Атлетико до крајот на сезоната се обврзани да го откупат договорот на Гризман за дури 40 милиони евра, кои се обидуваат да ги избегнат по секоја цена.
Сепак, најдоа дупка во договорот, а овој фудбалер сезонава никогаш не играше повеќе од триесет минути по натпревар.
Доколку вака продолжи, според договорот, Атлетико Мадрид нема да биде обврзан да плаќа бонуси за него.
Денеска се појавија информации дека е постигнат договор меѓу двата клуба договорот на Гризман да биде откупен за 25 милиони евра.
Првиот човек на Атлетико Мадрид потврди дека во тоа нема вистина.
„Не сме имале повеќе разговори со Барселона, ниту имаме намера да имаме. Приказната на Гризман е многу јасна. Во моментов работите се како што беа секогаш. Ништо не е променето. Сè е исто како во почетокот на сезоната“, изјави претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо.
Atletico president Enrique Cerezo on Griezmann: “We have not met with Barcelona nor do we intend to do so. Griezmann story is pretty clear”. 🚨⚪️🔴 #Griezmann
“At the moment we are at the same point, nothing has changed with FCB on Griezmann – same as beginning of the season”. pic.twitter.com/hm0w9gtlj9
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 13, 2022
Останува да видиме што на крајот ќе се случи со договорот на Гризман и дали тој ќе игра повеќе од половина час по натпревар оваа сезона.