Connect with us

Фудбал

Не знаев како да им кажам дека имам рак!

Поранешниот репрезентативец на Италија, Џанлука Вијали, откри дека во последните година дена ја води најважната битка во својот живот. Легендарниот напаѓач на Јувентус и Челзи во последното интервју кое го даде за “Кориере дела Сера” откри како се чувствува откако докторите му откриле дека боледува од карцином.

  • Најтешко ми беше кога требаше да и соопштам на мојата фамилија, на моите родители, браќа, сестри, на сопругата и на нашите две ќерки, Оливија и Софија. Кога ќе дознаеш дека имаш карцином, имаш чувство дека е нешто срамно, дека си замиот крив што си го добил. Сакав и понатаму да бидам оној стариот Вијали кои сите го знаеа. Сакав мојата приказна да ја раскажам во мојата автобиографија, изјави Вијали.

После хемотерапијата и зрачењето, поранешниот репрезентативец на Италија се чувствува многу подобро.

  • Помина година дена и сега повторно се чувствувам како ѕвер. Сепак, јас не можам да кажам како ќе заврши овој натпревар. Се надевам дека мојата приказна ќе биде инспирација за сите кои се на еден животен крстопат. Не е најважно да се победи, најважно е да се размислува како победник. Животот е составен од 10% работи кои ни се случуваат и 90% од тоа како ќе се носиме со нив. Би сакал некој да дојде и да ми каже: „Ти си причината поради која не се предадов“, додаде Вијали.