Connect with us

Други спортови

Недев на карате семинар во Германија

Најдобриот македонски натпреварувач во традиционално карате Дејан Недев учествува на ЈКА карате семинарот со Сенсеи Нака во Берлин, Германија.

-Нака важи за еден од најбараните светски карате инструктори кој е поранешен светски шампион во традиционално карате.

Недев минатата година на семинарот во Париз, Франција на Сенсеи Нака му подари монографија 50 години карате во Република Македонија во знак на благодарност и соработка, соопштија од Македонската традиционална карате федерација.