Фудбал
Недвед и Рајола „фатени“ на вечера, тема излезен трансфер, откупна клаузула 150 милиолни евра?!
Павел Недвед, потпретседателот на Јувентус и Мино Раиола, еден од највлијателните фудбалски агенти, биле фатени на вечера во ресторан во центарот на Торино.
Секако, ваквото дуо на иста маса не можеше да помине незабележано. „Газета дело спорт“ дозна за што зборувале.
Меѓу фудбалерите кои ги застапува Раиола (Халанд, Ибрахимовиќ, Донарума, Погба) се тројца млади играчи на Јувентус, Де Лихт, Пелегрини и Кин.
Првиот е еден од најдобрите млади дефанзивци во светот и клучен играч на Јувентус, но според „Газета“ сигурно ќе биде продаден доколку најтрофејниот клуб во Италија на крајот од тешката сезона не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Во тој случај Де Лихт ќе стане еден од најбараните играчи на пазарот, а Раиола наводно веќе е во контакт со неколку потенцијални купувачи. Наводно откупната клаузула е 150 милиони евра.