Connect with us

Фудбал

Неговиот татко е таксист, мајката работи во сервис за велосипеди, Бразилец потпиша милионски договор, но тоа нема да смени ништо

По две години, бразилскиот играч за врска Бруно Гимараеш, реши да го напушти Лион и да ја прифати понудата на Њукасл. Њукасл за доаѓањето на овој 24-годишен фудбалер издвои над 40 милиони евра, а Бруно се очекува да биде големо засилување во преостанатиот дел од сезоната. Тој потпиша договор до летото 2026 година и стана еден од најплатените играчи на Њукасл.

Сепак, Бруно и неговото семејство одамна докажаа дека парите не им се најважни во животот и дека е јасно дека овој Бразилец не избрал да дојде во Њукасл само поради парите, како што изјави вчера самиот по потпишувањето на договорот.

Со доаѓањето во Лион пред две години, Бруно обезбедил доволно пари што неговите родители повеќе не мораат да работат, но и покрај тоа решиле да продолжат со истото темпо на живот како ништо да не се случило.

Познато е дека Бруно го носи бројот 39 на дресот и тој број го позајми со доаѓањето во Њукасл. Тој број го носи со години, во чест на неговиот татко, кој е таксист. Бројот на неговото такси е 39 и затоа Бруно решил тој број да го носи на дресот и барем на некој начин да му се заблагодарил на својот татко за се.

Бруно ја започна својата кариера во Гремио. Неговите родители беа неговата најголема поддршка. Иако немале баш удобен живот, напорно работеле на својот син да му овозможат најдобри можни услови за живот, но и можност да тренира фудбал.

Тој потпиша за Атлетико Параненсе на почетокот на 2017 година и тогаш неговата кариера започна по нагорна патека. По три одлични години се пресели во Лион, а Атлетико од неговата продажба инкасира 20 милиони евра.

Сепак, уште од почетокот изјави дека родителите не му дозволуваат парите и славата да му бидат главен водич и дека е важно максимално да му се посвети на фудбалот доколку сака да направи нешто. Скромноста очигледно ја наследил од родителите со кои е многу поврзан и се обидел да ги убеди да дојдат со него во Европа, но тие одбиле.

Неговиот татко се уште е таксист и вози возило со број 39, додека неговата мајка работи во продавница која продава и сервисира велосипеди.

“Тој си легнува многу рано и ретко излегува на забави. Никогаш не вкусил капка алкохол и отсекогаш бил посветен на фудбалот. Ние сме многу горди на него и во каква личност израсна”, неговата мајка рече при потпишувањето за Лион.