Connect with us

Фудбал

Неговиот тим загуби од Реал Мадрид, а тој беснееше, тренерот ги загуби нервите: Удираше во фрижидер, го „тресеше“ помошникот, ја фрли јакната и целосно полуде (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гости кај екипата на Алавес со резултат 1:0, во натпреварот од 18. коло на шпанската Примера.

Избраниците на Карло Анчелоти беа на прагот на втор кикс во последните три кола од шпанскиот шампионат, но тоа не го дозволи Лукас Васкез, кој во втората минута од судиското надополнување ја затресе противничката мрежа по корнер на Тони Крос. А потоа имаше видео кое автоматски стана вирално.

Голот го налути тренерот на Алавес, Луис Гарсија, кој почна да крши, шутира и фрла се пред себе. Го уништил ладилникот за вода и мраз, го „тресеше“ помошникот, ја соблекол и ги фрлил јакната и капата, а потоа седнал на стол и почнал да клоца.