Connect with us

Фудбал

Нејмар го пропушта натпреварот на годината на ПСЖ

Нејмар го повреди скочниот зглоб пред две недели во дербито на француското првенство против Лил, по што го напушти теренот на носилки. Оттогаш, ПСЖ е загрижен дали ќе биде подготвен за мечот на годината, за возвратнбиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн. Особено затоа што шампионот на Франција го загуби првиот меч на домашен терен (0:1) од шампионот на Германија.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие немаше добри вести на денешната прес-конференција. Запрашан дали Нејмар ќе биде подготвен за реваншот во Минхен во среда, тој одговори: „Не, мислам дека нема да биде таму“. ПСЖ на тој начин ќе го одигра најважниот натпревар сезонава, во кој мора да победи, без една од трите најголеми ѕвезди. Нејмар постигна 18 и асистираше за 17 гола на 29 натпревари за ПСЖ оваа сезона.