Connect with us

Фудбал

Нејмар како Мајкл Џордан, но во Челзи

Некогашниот технички директор на Челзи Мајкл Еманало патувал во Бразил во 2010-та година да договори трансфер на тинејџерот за кого се прогнозираше дека ќе биде голема ѕвезда. Нејмар тогаш едвај беше полнолетен, со 18 години играше за Сантос,  а Еменало во името на Челзи му нудеше долгорочен договор, нов автомобил, луксузна вила во Лондон. Меѓутоа Бразилецот, или неговиот татко кој тогаш го застапувал, а и сега,  ја добиле понудата.

„Сините“ контактот го обновиле три години подоцна, но овој пат му нуделе улога каква што Мајкл Џордан имаше во Чикаго Булс. Меѓутоа и тоа Нејмар го одбил бидејќи уште тогаш имал усмен договор со Барселона.