Connect with us

Фудбал

Нејмар објасни зошто плачел по натпреварот со Костарика

Бразил успеа да ја совлада Костарика во второто коло од групната фаза на Мундијалот.

Костарика се спротивстави на нападите на Бразилците до самиот крај на натпреварот, а потоа Кутињо и Нејмар, во судиското надополнување постигнаа голови за победа на Бразил од 2-0.

По последниот свиреж, Нејмар клекна на тревникот и плачеше, а овие кадри го заобиколија цел свет. Брилијантниот, Бразилец преку социјалните мреже објасни зошто почнал да плаче на крајот од средбата.

“Не знаат сите преку што се поминав за да дојдам тука. Дури и папагалите може да зборуваат, но навистина нешто да се направи, тоа не го можат сите. Плачев од среќа, поради се што сум поминал, напор и желба за победа. Работите во мојот животот никогаш не биле полесни, зошто би било тоа случај сега? Сонот и понатаму живее. Секоја чест на натпреварот момци. Најдобри сте “, изјави Нејмар на својот Инстаграм профил.