Тајмаут
Нејмар овој пат претера со својата фризура
Нејмар реши да ги изненади фановите пред почетокот на сезоната 2021/22 со презентирање на нова фризура.
Тој неодамна играше со Бразил во финалето на Копа Америка и загуби од Аргентина на култната Маракана во Рио де Жанеиро, а сега се подготвува за сезоната 2021/22. Тој доби неколку слободни денови, но многу наскоро ќе ги нападне сите трофеи со ПСЖ.
Според бразилскиот портал UOL Esporte, Нејмар бил подложен на процес на лепење плетенки во неговата земја. Бразилецот има метални додатоци кои ја красат неговата нова фризура.
Постапката траеше околу четири часа и се изведуваше безболна техника. Покрај тоа што ја смени фризурата, играчот на ПСЖ стави и неколку нови обетки.
Третманот го извршила Нанда Бургуесиња, која се занимава со плетење на косата.
“Го замолив Нејмар да разјасни што сака и создадовме фризура која е целосно автентична. Третманот беше многу лесен и крајниот резултат на Нејмар навистина му се допадна”, рече Бургуесиња.
O novo cabelo do Neymar. pic.twitter.com/tyj7W8VnJr
— neymar jr deprê (@neymarjrdepre) July 15, 2021
Бразилецот минатата сезона остана без Лигата на шампионите и неочекувано без Лига 1, иако генерално одигра добра сезона бидејќи на 31 натпревар постигна 17 голови со 11 асистенции, а 26 од нив ги пропушти поради суспензии, повреди и коронавирус.
ПСЖ ја започнува новата сезона со натпреварот од Суперкупот на Франција против Лил, а тој натпревар е закажан за 1 август.