Тајмаут
Нејмар повторно во центарот на нов скандал! Неговата девојка само што се породила, а тој организирал интимна „забава“ со инфлуенсерки!?
Скандалот повторно го тресе Бразил, а во центарот на вниманието е ѕвездата на репрезентацијата Нејмар. Откако мечот со Венецуела заврши 1:1 во квалификациите за СП, се појави гласина која брзо се прошири на социјалните мрежи, а повторно главниот актер на новото фијаско е популарен фудбалер. Познатиот новинар Матеус Балди на Твитер објави дека Нејмар по натпреварот решил да се опушти во друштво на убавици и дека на крајот на вечерта завршил со инфлуенсерката Ребека Рибиеро, која веќе објавила слика со Бразилецот.
💣 POLÊMICA! Não foi bem o empate da Seleção Brasileira com a Venezuela que virou assunto em Cuiabá, mas uma possível “festinha” envolvendo alguns jogadores que teria acontecido na última da última quinta-feira, dia 12. Em um áudio de WhatsApp que está circulando pela cidade, uma… pic.twitter.com/ltPbF4Cknk
— Matheus Baldi (@matheusbalditv) October 13, 2023
„По натпреварот со Венецуела, нашиот непослушен Нејмар реши да направи забава во луксузен хотел во Кујаба. Некои девојки беа поканети да присуствуваат, но според старото правило, мобилните телефони се собираат на влезот и се исклучуваат, за да се почитува приватноста. “, напиша Матеус Балди, а потоа додаде:
„На аудио снимка која кружи низ градот, една жена тврди дека Нејмар останал со Ребека Рибеиро, Винисиус Јуниор со Летиција Согиро, а Ричарлисон се сретнал со Рита Лопез. Некои луѓе тврдат дека вчера наутро ја виделе инфлуенсерката Летисија Согиро како го напушта хотелот каде бразилскиот тим остана“, изјави новинарот.
Ребека Рибеиро се огласи и ги негираше овие наводи, а потоа под заедничката фотографија напиша „Уште еден обичен ден со брат ми“.
Нејмар не објави ништо за новиот скандал, па се од таа вечер ќе остане мистерија. Фудбалерот пред десет дена доби ќерка со Бруна Бјанкарди, со која веќе е познато, според медиумите, има многу отворена љубовна врска и дека на Нејмар му е дозволено да се гледа со други девојки.